За нас

Здраво,
Ние сме Блинк.

Градиме бизниси. Вашата инвестиција во дигитална трансформација, автоматизација и маркетинг - сигурен пат кон раст.

Ние не правиме само веб-страници и апликации. Ние градиме системи кои ви заштедуваат време, пари и главоболки - за вие да се фокусирате на она што го правите најдобро.

Дигитална трансформација, AI автоматизација и стратешки маркетинг - три столба кои заедно го зголемуваат вашиот приход додека ги намалуваат оперативните трошоци. Секоја инвестиција кај нас е инвестиција во иднината на вашиот бизнис.

Мисија

Да им помогнеме на бизнисите да растат преку паметни технолошки решенија. Секој проект е инвестиција која треба да се врати — затоа градиме системи што заштедуваат време и генерираат приход.

  • Намалување на оперативни трошоци преку автоматизација
  • AI решенија кои работат 24/7 наместо вас
  • Маркетинг стратегии кои носат клиенти

Визија

Да бидеме партнер кој носи мерливи резултати. Не продаваме услуги — градиме долгорочни партнерства каде вашиот успех е наш успех.

  • Сигурни инвестиции со јасен ROI
  • Долгорочна поддршка и партнерство
  • Континуиран раст на вашиот бизнис
Демијан Хаџи-Ангелковски
Демијан Хаџи-Ангелковски CEO & Co-Founder

Демијан е стратешкиот архитект зад транзицијата на Блинк од дигитална агенција во full-stack технолошка компанија. Со позадина во политика, јавна администрација, невладин и деловен сектор, Демијан директно ги има искусено сите економски гранки. Тој беше еден од првите во регионот што се залагаше за 'AI-First' пристап кон бизнисот.

Ги изградивме алатките што ни требаа. Сега можете и вие да ги користите.

Кога го започнавме Блинк, бевме фрустрирани. Гледавме бизниси (па дури и влади) како носат одлуки врз основа на претпоставки, користејќи бавен, застарен и грд софтвер што паѓаше кога најмногу беше потребен.

Не сакавме да бидеме уште една агенција што користи WordPress темплејти. Сакавме контрола, брзина и податоци.

Затоа престанавме да бараме совршен софтвер и почнавме да го градиме. Развивме наши системи за проектен менаџмент, наш AI за медиумски мониторинг (NewsLogic), наш CRM...

Она што денес го нарекуваме „Фабрика за софтвер“ е всушност кулминација на милиони линии тестиран код што ги напишавме за да ги решиме нашите проблеми. Сфативме дека ако овие алатки нѐ направија побрзи и по-профитабилни, истото ќе го направат и за нашите клиенти.

Така започна нашето патување кон дигитална трансформација. Денес, ние не сме само агенција за маркетинг и развој на софтвер. Ние сме вашиот партнер за дигитална трансформација, автоматизација и маркетинг.

Секој ден се стремиме да им помогнеме на бизнисите да растат преку паметни технолошки решенија. Секој проект е инвестиција која треба да се врати — затоа градиме системи што заштедуваат време и генерираат приход.

Принципи

Нашите вредности

Осум столба на кои се заснова нашата работа и култура.

01

Градиме мостови

Веруваме дека градење мостови помеѓу луѓето и организациите е секогаш подобро од изолација. Луѓето не се само цифри - тие се многу повеќе од тоа.

02

Искреност

Веруваме во искрен маркетинг и комуникација. Луѓето ценат кога бизнисите се транспарентни. Тоа гради лојалност.

03

Интегритет

Квалитетна и навремена испорака - договор си е договор. Нашата работа е одраз на нашиот тим, па даваме максимум за секој клиент.

04

Лојалност

Цениме лојалност и секогаш сме лојални на нашите клиенти. Работиме и постоиме за нив!

05

Човечност

Веруваме во добрината на луѓето и во доблеста да се биде човечен во денешно дигитално време.

06

Храбро напред

Сакаме да ги рушиме бариерите, да работиме брзо и да даваме храбри идеи. Нашата професија и клиенти заслужуваат раст.

07

Отвореност

Веруваме во целосна отвореност со нашите клиенти. Не го криеме знаењето — споделуваме и учиме заедно.

08

Keep it simple

Секогаш наоѓаме наједноставно решение за комплексни проблеми. Едноставноста е врвна софистицираност.

10+ години искуство
100+ реализирани проекти
50+ клиенти
35+ веб-апликации и страни

Тим

Три столба, еден тим

Специјализирани тимови кои работат синхронизирано за ваш успех.

01

Развој
и иновации

Blink Tech

Blink Tech

Развиваме рачно прилагодени веб-апликации и AI решенија. Ќе го воведеме вашиот бренд во 21 век, за да ве држиме чекор напред.

  • Веб апликации
  • AI интеграции и автоматизација
  • Клипинг, мониторинг и анализа на медиуми
  • API развој и интеграции
Дознај повеќе
02

Настани
и продукција

Blink Media

Blink Media

Хибридни и дигитални настани, видео продукција и стриминг. Комплетно техничко и дизајнерско менаџирање.

  • Хибридни и виртуелни настани
  • Видео продукција
  • Live streaming
  • Техничко менаџирање
Дознај повеќе
03

Маркетинг
и брендинг

Blink Marketing

Blink Marketing

Full-service маркетинг, брендирање и водење на социјални мрежи. Кампањи што продаваат.

  • Дигитален маркетинг
  • Брендирање и идентитет
  • Менаџмент на социјални мрежи
  • PPC кампањи
Дознај повеќе

Подготвени да инвестирате во раст?

Закажете бесплатна консултација и заедно ќе најдеме начин да заштедите време, намалите трошоци и зголемите приходи.